Венко Андоновски има нова книга, насловот е „Достоевски и Мекдоналдс“

Станува збор за збирка есеи, пренесени преку петте поглавја – Што е тоа бестселер, Тестирање на методот, Македонскиот роман, Македонска поезија и Рускиот роман денес. Преку овие поглавја, авторот на книгата се обидува да одгатне што се случува со книжевноста денес, кога за неа сè повеќе се зборува преку поимот „бестселер“, како и за тоа што се „Мекдоналдс“ или „ready-made“ писатели.

– Венко Андоновски и во оваа книга плени со својата висока ерудиција, со едноставноста во изразот, но и со длабоката филозофска порака упатена кон овој наш глобален свет во кој дури и уметноста станува стока за широка потрошувачка за сметка на естетското во неа,- велат од „Три“.

Од издавачката куќа „Три“ информираат дека оваа збирка есеи е напишана во препознатливиот стил на Андоновски низ кој провејува неговиот прониклив и (само)ироничен став кон работите.

– Книжевност е, значи, она што денес добро се продава како книга, вели Андоновски. И уште, според автоматизам, и, се разбира, погрешно, најпродаваната книга се смета за најдобра книга. Значи, сосема неосновано еден пазарен параметар се прогласува за естетски параметар. Замената на естетските со економски тези е дел од намерите на потрошувачкото општество кое, по секоја цена, сака и уметноста да ја претвори во стока наменета за широка трговија. Книжевноста никогаш порано не била толку трговија, колку што е денес, вели Андоновски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот