„Вело родео” во Градски парк за Денот на Европа

„Вело родео” настаните ќе започнат денеска во 11 часот кај Школка во Градскиот парк во Скопје, а утре продолжуваат во Вратница, а задутре во Чешиново Облешево.

По повод 9 мај- Денот на Европа, Здружението на граѓани Еко Логик, традиционално и оваа година организира „Вело родео” настани кои се одржуваат во рамки на редовните активности на програмата „Вело училишта”. 

„Вело родео” настаните ќе започнат денеска во 11 часот кај Школка во Градскиот парк во Скопје, а утре продолжуваат во Вратница, а задутре во Чешиново Облешево.

„Вело родео” претставува концепт на организирање настани на отворено, кои имаат за цел промовирање на велосипедизмот, со акцент на унапредување на постоечките и стекнување со нови вештини кај деца од различни возрасти. 

Главен фокус на настанот е насочен кон препознатливиот вело полигон, а како дополнителни активности се издвојуваат едукативните игри креирани од здружението Еко Логик, на теми поврзани со заштита и унапредување на животната средина, одржлив развој, велосипедизам, како и креативните работилници кои ги водат познати уметници од државата.

Во текот на одржувањето на сите настани, ќе биде поставена и изложба на пристигнатите цртежи кои беа дел од ликовните конкурси објавени во 2019 и 2020 година.

„Вело родео” е поддржано од Делегацијата на Европска Унија, Europe House и Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот