Велика Британија воведе санкции против Милорад Додик

Милорад Додик
Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Велика Британијa соопшти дека го санкционирала лидерот на босанските Срби Милорад Додик за, како што рекоа, нивните обиди да го поткопаат легитимитетот и функционалноста на Босна и Херцеговина, пишува Ројтерс.

БиХ минува низ својата најтешка политичка криза од крајот на балканските војни во 1990-тите, при што босанските Срби ги предизвикуваат државните институции како дел од нивниот долгогодишен обид да се отцепат и на крајот да се приклучат на соседна Србија.

Санкциите за Додик и Жељка Цвијановиќ, претседател на ентитетот на Република Српска, вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имотот, соопшти владата.

„Овие двајца политичари намерно го поткопуваат тешко стекнатиот мир во Босна и Херцеговина. Охрабрени од (рускиот претседател Владимир) Путин, нивното непромислено однесување ги загрозува стабилноста и безбедноста низ Западен Балкан“, рече во изјавата британската министерка за надворешни работи Лиз Трус.

Велика Британија рече дека Додик „водел акција за повлекување на Република Српска од клучните државни институции, користејќи поделена, опасна, националистичка реторика, поткопувајќи го домашниот и регионалниот мир и охрабрувајќи ја етничката омраза и негирањето на геноцидот“.

Цвијановиќ јавно ги прослави воените злосторници и го негираше геноцидот во Сребреница, соопшти британската влада.

САД во јануари го санкционираа Додик, кој е српски член на меѓуетничкото трипартитно претседателство на Босна, кое носи одлуки за надворешната политика на балканската земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот