Велика Британија ги затвори продавниците

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека сепак нема да бидат можни собири за Божик, како и дека сите продавниците кои не извршуваат неопходни дејности мораат да бидат затворени во Лондон и добар дел од јужна Англија во рамките на новите, построги рестриктивни мерки во борбата против ширењето на коронавирусот.
Џонсон рекол дека Лондон и подрачје на југот во Англија кои досега беа во режимот на третото, највисоко ниво на рестрикции ќе бидат преместени во уште построго четврто ниво, со кое се наложува затворање на сите продавници и фирми кои не продаваат основни намирници.
Исто така, во подрачјето на четврто ниво нема да се воспостават планираните олеснети мерки со кои требаше да се дозволи собири на три фамилии во таканарачените „божиќни меурчиња“.
Собирите со луѓе од различни домаќинства ќе биде дозволено само на јавни места само под многу строги услови.
Извор: Бета.рс