Велешанката пронајдена во провалија кај Велешкото езеро, во тешка состојба пренесена на скопските клиники

Фото: дума.мк

Таа денеска беше во Хирушкото одделение при велешката болница, по направената компјутерска томографија доцна попладнево биле констатирани повеќе скршеници на телото, но таа е во добра и стабилна состојба вон животна опасност.

Велешанката А.С (29) која од вчера попладне се оддалечила од нејзиниот дом и по која трагаше нејзиното семејство утрово околу 9,30 беше пронајдена од полицијата по непознат телефонски повик од жена, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Девојката била извадена од провалија  со помош на пожарникарите, кои го расчистувале патот и ја извлекувале. Од медицинската екипа на Брза помош  на лице место и дало прва помош, а  потоа итно била пренесена во велешката Општа болница.

Таа денеска беше  во Хирушкото одделение при  велешката болница во добра и стабилна состојба вон животна опасност.

Според  најновата информација за МИА,  од портпаролот на ЈЗУ Општа болница  д-р Весна Неделковска Николова таа  е во стабилна и вон животна опасност, но по направената компјутерска томографија доцна  попладнево биле констатирани повеќе скршеници на телото – политрауматски повреди: скршеница на вратни прешлени, на клучна коска и на карлица и затоа тимот на лекари од Хирушкото одделение донел одлука  попладнево во 17,30 часот со возило на Итна помош од велешката болница девојката  да биде пренесена на понатамошно лекување во Клиниката за трауматологија во Скопје.

Како што информира за МИА, д-р Стархил Тодоров од Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес  утрово во 09:45 часот бил примен  бил повик во Службата за итна медицинска помош од страна на дежурен полициски службеник дека во близина на браната на велешкото езеро Младост пронајдено е едно повредено женско лице.

Наша дежурна екипа веднаш се упати на местото на настанот. Дежурниот лекар при прегледот на повредената утврди дека истата е свесна, контактибилна, ориентирана, со повеќе телесни повреди на телото. По имобилизацијата, повредената со помош на пожарникарите, поставена на даска за спасување е извадена од клисурата под браната на езерото Младост и со амбулантно возило и дежурната медицинска екипа е транспортирана на Ургентниот центар при ЈЗУ Општа болница – Велес, со цел натамошни прегледи и утврдување на степенот на телесните повреди,појасни др Тодоров.

Според информацијата од СВР Велес, 29 годишната А.С вчера попладнето околу 16 часот била пријавена од нејзината сестра  во Полициската станица во Велес како исчезната, а по што започнала потрагата од страна на полицијата.

Портпаролот на СВР Велес ,Додевски ни изјави дека полицијата сепак ќе истражува како девојката  се нашла на дното на провалијата.

Лекарите велат дека била пронајдена смрзната по ладната ноќ ,а изјавила дека ја плашело завивањето на шакалите во нејзина близина.

Како што информира за МИА портаролот на ЈЗУ Општа Болнива Велес д-р Весна Неделковска Николова со девојката  по пронаоѓањето  денеска во велешката болница разговарал  и психијатар, а на кој  девојката му изјавила дека само  била премрзната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот