Вејн Руни се повредил додека снимал прилог со Пикфорд, можеби го чека операција
Вејн Руни се појави како стручен коментатор во преносот на финалето на ФА-купот со гипс на раката, а британските медиуми откриваат дека легендарниот фудбалер се повредил во необичен инцидент за време на телевизиско снимање.
Препорачано
Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Евертон носеше гипс на левиот зглоб додека работеше како аналитичар за „Би-Би-Си“ на финалниот натпревар.
Според информациите на „Дејли Мејл“, повредата ја заработил за време на снимање со голманот на англиската репрезентација Џордан Пикфорд за емисијата „The Wayne Rooney Show“, која се снимала во тренинг-центарот на Евертон пред натпреварот на „Вембли“.
Во еден момент Руни застанал на голот за да брани пенал од Пикфорд, но при интервенцијата незгодно паднал и ја повредил левата рака. Поради повредата веќе разговарал со хирург, а во понеделник го очекуваат дополнителни прегледи по кои ќе биде познато дали ќе мора да оди на операција.
„Застанав на голот во кампот на Евертон. Погледнете ја оваа одбрана. Успеав да ја одбранам топката, но притоа си ја повредив раката. Во понеделник одам кај хирург за да видам дали ќе биде потребна операција“, изјави Руни во текот на преносот.
Англичанецот потоа се пошегува на своја сметка за да ги избегне шпекулациите во медиумите.
„Патем, за сите весници не носам бурма бидејќи прстите ми се отечени. Знам дека и од тоа ќе направат голема приказна“, низ смеа порача Руни.
Руни и Пикфорд беа соиграчи во Евертон, откако легендарниот напаѓач се врати на „Гудисон Парк“ во 2017 година, непосредно пред пристигнувањето на англискиот голман од Сандерленд.
ВИДЕО | Jунајтед победи во последниот натпревар на „Олд Трафорд“ за Касемиро, Бруно израмни рекорд


