Вејн Руни би можел да се врати во Манчестер јунајтед
Вејн Руни, легендарниот фудбалер и најдобар стрелец на Манчестер јунајтед на сите времиња, изрази желба да се врати во клубот како помошник тренер, доколку биде поканет од поранешниот соиграч Мајкл Карик.
Препорачано
Се очекува Карик наскоро да биде назначен за привремен менаџер на Јунајтед, а Руни, кој моментно е без ангажман откако беше отпуштен од Плимут, е подготвен да му се придружи.
Зборувајќи во својот поткаст на Би-би-си, Руни беше јасен за можното враќање на Олд Трафорд:
– Секако дека би го сторил тоа. Тоа не е нешто за што треба дури ни да размислувате. Патем, не барам работа тука. Само за да знаат сите, ако ме замолат да дојдам, секако дека би го сторил тоа. Назначувањето менаџер е најважното нешто – вели Руни.
Се очекува Карик да ја преземе функцијата привремен менаџер оваа недела, откако доби зелено светло пред Дарен Флечер и Оле Гунар Солскјер. Она што им е заедничко на тројцата кандидати е тоа што одиграле 100 натпревари за Јунајтед за време на златната ера на клубот во Премиер лигата.
Руни верува дека клубот има потреба од луѓе кои го познаваат фудбалскиот клуб за враќање на вистинскиот пат.
– Да се има луѓе кои го познаваат клубот, кои се грижат за клубот и разбираат што е потребно за да се биде играч на Манчестер јунајтед, тоа е местото каде што клубот треба да биде. Клубот го изгуби својот идентитет, го изгуби тоа семејно чувство. Ова е можност да се врати тоа, да се врати духот на Манчестер јунајтед во фудбалскиот клуб – се зборовите на Руни.


