Ведрана Рудан/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ведрана Рудан со нови потресни детали за нејзината борба со ракот: „Докторот ми рече дека болеста напредува…“

Хрватската писателка Ведрана Рудан веќе некое време се бори со рак, а во својата најнова колумна „Очај“ на блогот „Девојка во прегратките на метастазата“, таа откри нови потресни детали за напредокот на болеста.

„Деновиве често пропаѓам во провалија. Хрватска е единствената земја во која живеам многу долго време. Да бидам јасна, стара сум, сериозно болна, но не се плашам од смртта“, започна Рудан.

„Мојот онколог ми рече вчера: „Болеста напредува, госпоѓо, утешете се, никој никогаш не излегол жив од овој живот“, ги откри таа зборовите на нејзиниот лекар.

Рудан одговорила на ова во свој стил, како лекарот всушност да ја направил среќна.

„Ме развесели, повеќе не можам да го поднесам животот во Хрватска“, напиша таа.

Потоа писателката со негодување размислуваше за случувањата во општеството.

Целата колумна можете да ја прочитате TУКА.

Ведрана Рудан е на морфиум, не станува од кревет и страда од силни болки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот