Веднаш повикајте Брза помош: 10 сериозни симптоми кои не смеете да ги игнорирате!

Инфективна клиника / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Амбулантите за итни случаи се полни со пациенти на кои не им е таму местото… со години го слушаме ова и чувствуваме сè повеќе и повеќе притисок што го создаваат граѓаните, бидејќи одат во службата за итни случаи поради „секоја ситница“. Во кои случаи, и покрај сите предупредувања, треба да повикаме Брза помош или да побрзаме во најблиската амбуланта за Брза помош?

Една од најмоќните алатки за просудување е вашето чувство дека станува збор за опасна ситуација. Ако вашата интуиција ви вели дека сте во опасност, тогаш повикајте. Секогаш е подобро да се направи грешка еднаш или двапати на страната на претпазливост, отколку само еднаш да направите фатална грешка и да не отидете во службата за итни случаи кога станува збор за живот или смрт.

Ви донесуваме 10 безбедносни причини за посета на амбулантата за итни случаи.

1. Болка во градите
Ако чувствувате болка во градите или притисок што трае повеќе од две минути, или исчезнува па се враќа, време е да се јавите во Брза помош. Не се обидувајте сами да дојдете до амбулантата во ваква состојба – возилото на итната служба е опремена со стручен персонал и апарати кои во тој момент можат да ви го спасат животот.

2. Краток здив
Ако тоа се случи ненадејно и ве оневозможува да ги извршувате секојдневните активности, некој нека ве однесе до амбулантата на Брза помош.
Повикајте 194 во случај да имате тежок проблем со дишењето или ако притоа чувствувате и мачнина, болка во градите или чувствате дека губите свест. Ова може да бидат симптоми и на срцев удар или белодробна емболија – тешка состојба до која доаѓа поради згрутчување на крвта во белите дробови.

3. Ненадејни тешкотии со видот
Повикајте Брза помош ако одеднаш ви се замати видот, ако имате двојни слики или привремен губиток на видот. Тоа може да биде знак на мозочен удар или на друга сериозна состојба. Исто така, би требало да се јавите во Брза помош ако ненадејните проблеми со видот се проследени со тешка главоболка, гадење или повраќање, вкочанетост, слабост, вртоглавица, конфузија или тешкотии при зборувањето. Ако почувствувате силна болка или иритација во очите, побарајте итна помош што е можно побрзо.

4. Повраќање
Ако во содржината која ја повратите има крв или повраќањето е проследено со симптоми како што се силни главоболки или абдоминална болка, збунетост, забрзоно дишење и забрзано работење на срцето – веднаш повикајте итна помош.

Ако детето е помладо од шест години, веднаш однесете го во амбулантата за итни случаи ако повраќањето трае повеќе од 2-3 часа или ако сте забележале некои знаци на дехидратација. Децата постари од шест години и возрасните кај лекар треба да одат ако повраќањето трае подолго од еден ден или ако е проследено со висока температура (38,3 за возрасни и 38,9 за деца).

5. Повреда на главата
За повреда на главата е потребна итна интервенција ако по ударот ја изгубите свеста, имате напад, главоболка која не попушта, се појави гадење или повраќање што не поминува, неразговетен говор или се појави конфузија, слабост и тешкотии со координацијата на движењето.

6. Болка во абдоминалната шиплина
Ако трае подолго од 30 минути, а се појави ненадејно и е многу интензивна – веднаш побарајте итна медицинска помош. Ако болката не попушта, а е проследена со повраќање, може да станува збор за воспаление на слепо црево, што бара брза лекарска реакција.

7. Болка и отекување на тестисите
Ова може да биде предизвикано од повреда или инфекција, но исто така, може да биде знак за сериозни проблеми во абдоминалната празнина.
Веднаш побарајте лекарска помош ако болката е силна или се појави одеднаш, притоа ако чувствувате гадење, повраќање, имате треска или можете да почувствувате на допир грутка во скротумот. Истото важи и ако чувствувате болка еден час по повредата или вашиот скротум е црвен или отечен.

8. Висока телесна температура
Ако детето помало од три месеци има температура повисока од 38 степени Целзиусови, лекарот би требало веднаш да го прегледа. Исто треба да постапите со детето на возраст од три месеци до три години ако е во прашање температура повисока од 39 степени, како и кај возрасно лице при температура од 40 степени и повисока.

9. Збунетост и тешкотии со говорот
Ова се два најчести симптоми на мозочен удар. Не препуштајте ништо на судбината – јавете се веднаш во Брза помош! Ако е во прашање мозочен удар, резултатите од лекувањето и времетраењето на заздравувањето ќе зависат од тоа колку брзо сте примиле медицинска помош по мозочниот удар. Други симптоми на удар се тешкотии во одењето или рамнотежата, силна главоболка, спуштена едната страна на лицето, вкочанетост или општа слабост на едната страна од телото

10. Вагинално крварење за време на бременоста
Не мора секогаш да биде симптом на некоја сериозна состојба, особено ако тоа се неколку капки крв во првото тримесечје, но сепак, треба да го информирате лекарот за вашата состојба.
Веднаш побарајте итна лекарска помош ако крвавењето е обилно или притоа чувствувате грчеви, вртоглавица и болка во абдоминалната празнина или карлицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот