Вечерва се враќа НБА, еве како изгледа салата во Орландо! (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска ќе се одиграат првите пријателски натпревари во комплексот Дизни Ворлд во Орландо пред продолжувањето на сезоната закажано за 30 јули под слоганот „WholeNewGame“ (сосема нова игра).

Медиумите веќе објавија видеа и фотографии во какви услови ќе се игра најдобрата кошарка во светот до крајот на сезоната.

Во согласност со борбата за расна еднаквост, која е многу застапена и важна во НБА лигата, Black Lives Matter е напишано на паркетот.

View this post on Instagram

The NBA’s new home

A post shared by Chris Mannix (@sichrismannix) on

Воедно паркетот е опкружен со големи видео екрани, а се претпоставува дека на нив ќе се симулира амбиент кој инаку го прави публиката.

Клупите за играчи не се клупи, туку обични столици распоредени доволно оддалечени за да се почитуваат правилата за социјално дистанцирање.

Подготвителните натпревари ќе се играат од 22 до 28 јули, на првиот ден ќе играат:

21.00 часот Лос Анџелес Клиперс-Орландо Меџик
21.30 часот Денвер Нагетс-Вашингтон Визардс
01.00 часот Бруклин Нетс-Њу Орлеанс Пеликанс
02.00 часот Мајами Хит-Сакраменто Кингс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот