Граничниот премин „Евзони“ / „Богородица“ / Фото: Фејсбук

Вечерва повторно има блокада на „Евзони“

АМСМ информира дека сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица), на излез од земјава кон Република Грција, е повторно блокиран почнувајќи од 17:00 часот.

Поради протестите на грчките земјоделци, најфреквентниот граничен премин меѓу Македонија и Грција од минатата недела е блокиран повеќепати дневно по неколку часа. Во исто време, земјоделците блокираат и гранични премини кон Бугарија и Турција.

Останатата состојба на државните патишта е непроменета, велат од АМСМ. Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози низ целата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот