Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Важна информација за пензионерите околу бесплатниот јавен превоз во Скопје

Од денеска, 15 декември 2025 година, започнува процесот на годишна заверка на билетите за бесплатен јавен превоз за возрасните лица во Скопје, информира Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

Обврската за заверка се однесува на сите корисници кои спаѓаат во старосната група: жени над 62 години и мажи над 64 години.

Заверката може да се изврши во билетарите на ЈСП, но задолжително е да присуствува лично корисникот, со лична карта како документ за идентификација. Краен рок за заверката е 31 јануари 2026 година.

ЈСП предупредува дека билетите кои нема да бидат навремено заверени до крајот на јануари, ќе бидат автоматски блокирани и нема да важат за користење на превозот од 1 февруари 2026 година.

Претпријатието ги повикува граѓаните да ја извршат обврската што побрзо, за да се избегнат непотребни гужви во последните денови од рокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот