Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Васоски: Ова не беше најдобриот меч на Силекс, но заслужено го освоивме Купот

Фудбалерите на Силекс во финалето од Купот на Македонија ја совладаа Шкендија со 1:0 и по четврти пат во клупската историја триумфираше во ова натпреварување.

Клубот од Кратово со овој триумф обезбеди и учество во квалификациите за Конференциската лига ова лето.

Свој коментар по натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје даде тренерот на ФК Силекс, Александар Васоски:

– Според очекувањата, вечерашниот натпревар беше тежок. Шкендија можеби беше подобар противник во поле, но тоа беше дел од тактиката. Не може секој натпревар особено на ваков важен меч да се игра атрактивно. Одигравме како што се договоривме. Свесно го префрливме Додев на левата страна, да направи вишок и успеавме во тоа, дадовме гол на време и сметам заслужено го освоивме Купот. Им честитам на момците, ако минатата за малку ни избега трофејот во шампионатот, оваа година го земавме Купот што е голем успех за нас. Ова не беше најдобар натпревар на Силекс сезонава, но првично се договоривме да ги затвориме сите приод и после 60 минута да удриме со силно оружје. Затоа можеби Мирчевски остана на клупата, но токму во тие мигови кога се одлучуваше мечот поентиравме – рече Васоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот