Василевски: Зврлевски, Гешкоска и Бишовски беа подобни на службата

Александар Василевски – Нинџа денеска во Кривичниот суд сцедочи во предметот за организацијата на настаните од 27 април во 2017 година.

Александар Василевски – Нинџа денеска во Кривичниот суд сцедочи во предметот за организацијата на настаните од 27 април во 2017 година. Во овој процес обвинети се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Пред да започне процесот одбрана на Василевски побара да не сведочи бидејќи се сомнева дека може да обезбеди олеснување пред одлуката на Апелација за најголемиот предмет за 27 ми април каде е обвинет, но судот го одби предлогот на одбраната.

– На 27 април Спиро Ристовски ми се јави и ме праша како е состојбата. Се вратив во „Дион“ и со Веле Петрушевски се упативме во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Јас се качив на 8 кат. Таму имаше една сала за состаноци каде ги видов Митко Чавков, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Билјана Бришкоска. Чавков ме гледаше како да ме праша што барам тука, а јас го чекав Сашо Мијалков, но тој не беше таму. Од таму беа дадени сите наредби за 27 април. Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ влезе Владимир Атанасовски облечен во тренерки и ми даде насоки да известам. Потоа пред Триумфална капија видов многу припадници од прикриен тим.

Горан Грујоски имаше прикриен тим од 25 до 30 лица, ми се закануваа да не се предадам дека ќе завршам како Коста Крпач. Спиро Ристовски заедно со Кирил Божиновски на 27 април ги мобилизира сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ и треба да се упатат кон Скопје. Мартин Лазаров, син на Душко Лазаров од УБК, околу 23 часот ме однесе во една од базите на УБК. Таму беа Сашо Марковски и Никола Бошковски. Имаа хард дискови. Владимир Атанасовски даде наредба да се уништат. Сашо Марковски со преса ги уништи хард дисковите.

Патриотските здруженија беа искористени од Владимир Атанасовски, сега тие лежат затвор. На 3-4 мај во штабот на ВМРО-ДПМНЕ го сретнав јавниот обвинител Марко Зврлевски. Нека знае јавноста дека Марко Зврлевски, Гордана Гешкоска, Златко Бишовски беа подобни на службата. Билјана Бришкоска од 8 кат разговараше со Трајко Велјановски – рече Василевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот