Вашингтон порача: Софија и Скопје да го смират говорот и брзо да ги решат спорните прашања

Македонско и бугарско знаме/ Фото: Слободен печат/ Архива

Соединетите Американски Држави ги повикуваат Бугарија и Северна Македонија да ја „деескалираат својата реторика“ и брзо да ги решат билатералните спорови, велат од Стејт департментот, одговарајќи на прашањето како ја коментираат одлуката на Бугарија да го повлече бугарскиот амбасадор од Скопје.

– Иднината на Северна Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на земјата, рече портпаролот на Стејт департментот.

Бугарија минатата недела го повлече амбасадорот Ангел Ангелов, по нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети” во Охрид. Денеска беше соопштено дека тој се враќа во Скопје и ќе продолжи со редовните дипломатски активности.

Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија Николај Милков тогаш најави дека нивниот амбасадор ќе остане во Софија се додека, како што рече, „не биде регистриран напредок во однос на третманот на македонските граѓани со бугарска самосвест во Северна Македонија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот