Варвициотис: Не прифаќаме одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Милтиадис Варвициотис
Милтиадис Варвициотис / Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Европа мора да ги одржи ветувањата и не треба да има доцнење во пристапниот процес за Северна Македонија и Албанија, порача алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис од Делфи Форумот во Атина и паралелно истакна дека тие не се согласуваат со евентуално одвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Варвициотис учествуваше на панел дискусијата заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и потенцираше дека „со приклучувањето на Албанија и Северна Македонија во ЕУ, Грција конечно ќе има копнени граници со други земји-членки”.

-Важно е процесот да почне веднаш за сите земји кандидати. Ние не сме расположени да прифатиме никакво одвојување меѓу Северна Македонија и Албанија, ова го гледаме како катастрофален пристап за регионалната стабилност – порача алтернативниот шеф на грчката дипломатија.

Додаде дека новиот процес на проширување од минатата година, „треба да биде веродостоен процес и треба да биде побрз процес во споредба со стариот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот