Вархељ со порака од Сараево: Западен Балкан го гледаме како дел од Европа

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Западен Балкан е еден од приоритетите на Европската комисија (ЕК), порача денеска од Сараево комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархељ.

По разговорите со домаќините, Вархељ пред новинарите изјави дека Комисијата многу ревносно работи од првиот ден за да даде до знаење дека Западен Балкан е приоритет на ЕК.

– И не само тоа. Ние го гледаме Западен Балкан како дел од Европа и го гледаме на долг рок или на краток рок како целосно интегриран во Европската унија, рече тој.

Зборувајќи за иницијативата „мини Шенген”, Вархељ рече дека тоа значи брза можност за проток на стоки и луѓе и оти тоа ќе овозможи прилив на инвестиции и ќе го олесни платниот промет.

– Затоа започнавме да работиме на нова методологија за проширување, почнаа преговори со Северна Македонија и Албанија, итн. Работиме и на забрзано намалување на нееднаквоста меѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија, рече еврокомесарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот