Вардарци во „ол-стар“ тимот на Лигата на шампионите
Гласаа тренерите на сите екипи кои оваа сезона ќе бидат дел од најголемото ракометно натпреварување, а двајца играчи од Вардар се најдоа во најдобриот тим, тие се Тимур Дибиров како лево крило и Даинис Кристопанс како десен бек.
Вака изгледа најдобриот тим во новата сезона на ЛШ:
Голман: Никлас Ландин (Кил)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек: Лука Циндриќ (Барселона)
Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар)
Десно крило: Блаж Јанц (Келце)
Пикер: Лудовик Фабрегас (Барселона)
Тренер: Талант Душебаев (Келце)
В сабота (14 септември) ќе стартува мисијата одбрана на европската титула за екипата на Вардар. Гостување во Франција кај Монпелје, натпреварот е закажан од 17:15 часот. Дуелот можете да се гледа во живот на Арена Спорт 3 и МРТВ.
Претходно пивотот на „црвено-црните“, Стојанче Стоилов во интервјуто за официјалната страна на ЛШ зборуваше за минатата сезона и за очекувањата од новата натпреварувачка 2019/20.