Вардар1961 на „Хумел Куп“ ќе игра против Холстебро

Домаќинот на турнирот „Хумел Куп“ на кој ќе игра и Вардар1961 ги објави полуфиналните двојки и термините на одигрување на натпреварите. Покрај Вардар1961 на турнирот ќе играат и екипите на Холстебро, Горење и домаќинот Магдебург.

Турнирот ќе се одржи на 21 и 22 август во Магдебург. Домаќинот ги одреди полуфиналните двојки кои ќе се играат првиот дел, на 21 август.

Вардар1961 во полуфиналето во 16 часот ќе игра со Холстебро од Данска. Во второто полуфинале се среќаваат словенечкиот Горење и Магдебург од Германија (19.00 ч.)

Следниот ден, 22 август се натпреварите за пласман. Мечот за третото место е во 12.30 часот, а финалето е во 15.30 ч.

Пред одигрување на овој турнир, Вардар1961 ќе настапи на Супер Купот каде се среќава со Еурофарм Пелистер, на 11 август. Исто така од 12 до 15 август ќе учествува и на турнирот во Струга каде дополнително ги чекаме ривалите во групата.

Турнирот во Магдебург ќе биде последна проверка пред настапот во четвртфиналето од СЕХА лигата каде „црвено-црните“ ќе играат против ППД Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот