Вардар во Сан Марино по потврда за второто коло, Силекс и Работнички дома ги чека тешка задача
Денеска македонските екипи ги играат реванш натпреварите во Конференциската лига, а сигурен е само Вардар кој победи со 3-0 во првиот натпревар.
Препорачано
Вардар славеше над Ла Фиорита во Скопје со 3-0 и денеска во Сан Марино не би требало да имаат проблеми за пласман во следната фаза. Ла Фиорита во Скопје не покажа со ништо дека може да биде закана за Вардар, а „црвено-црните“ можеа да славаат и поубедливо.
Овој дуел се игра во терминот од 21:00 часот.
Најтешката задача ќе ја има Работнички кој треба да направи чудо против белорускиот Торпедо Белаз и да надополни негатива од 3-0 по тој натпревар. Освен тоа Торпедо беше тимот и кој ја имаше фаворитската улога пред почетокот.
Натпреварот кој се игра на Арената „Тодор Проески“ стартува во терминот од 18:00 часот.
Тешка задача ќе има и Силекс кој во Црна Гора загуби од Дечиќ со 2-0. На момците на Васоски им се даваат поголеми шанси од Работнички, меѓутоа сигурно нема да им биде лесно.
РЕВАНШ НАТПРЕВАРИ ОД ПРВОТО КОЛО ВО КОНФЕРЕНЦИСКАТА ЛИГА
Работнички – Торпедо 18:00
Силекс – Дечиќ 19:00
Ла Фиореита – Вардар 21:00


