Вардар со успешен тест пред натпреварите во Втората лига

Вардар им се заблагодарува на сите добронамерни, потврдувајки ја зацртаната цел на клубот за враќањето на старите позиции/Фото: fkvardar.mk

Фудбалерите на Вардар гостуваа во Кочани кај екипата на ФК Осогово како подготовка за новата сезона во Втората лига.

Овој пријателски натпревар го добија скопските „црвено – црни“ oд Скопје со конечен резултат 2:0.

Уште по првото полувреме беше решен победникот на овој контролен меч, уште во петтата минута преку Филип Петковски, Вардар дојде до предност.

Кон крајот на првиот дел, односно во 37 минута Дејан Блажевски стрелаше прецизно од белата точка за поставување на конечниот епилог.

Новата натпреварувачка сезона во 2МФЛ (2021/22) се очекува да стартува идната недела, а паровите за првото коло се уште не се познати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот