Вардар потврди две нови засилувања: Пристигнаа Јапонец и Аргентинец
Екипата на Вардар денеска потврди две нови засилувања во своите редови и тоа, Николас Боно од Аргентина и Јапонецот, Харуки Кавада кои потпишаа договори со „црвено-црните“.
Препорачано
Вардар во новата сезона ќе игра под водство на Иван Чупиќ и со него на клупата ќе се обиде да ја врати титулата во првенсвото.
„Пред почетокот на новата сезона РК Вардар го зголеми својот играчки ростер со уште две интернационални имиња. Во следните две сезони нови членови на „црвено-црните“ ќе бидат два средни бека, Јапонецот Харуки Кавада и Аргентинецот Николас Боно. Тие ќе се појават на подготовките на екипата на крајот од месецов“, објави Вардар.
Кавада е еден од најголемите јапонски таленти и има 19 години, а беше дел од последното Светско првенство, каде што Јапонија го освои 16. место. Исто така на минатогодишното Азиско првенство го доби признанието за МВП.
Аргентинецот Боно пристигнува од франуцски Истр и во кариерата беше дел од шпанските екипи на Замора и Синфин. Во репрезентативната кариера има настапи на првенствата на Средна и Јужна Америка во 2024 година, Олимписките игри и Светското првенство во 2025.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
18мин
-
26мин
-
39мин
-
47мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


