Вардар нема да игра на Ф4 во Келн!

rkvardar.mk

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го објави најновиот ранкинг на екипите учесници оваа сезона (2019/2020) во Лигата на шампионите со најголеми шанси за учество на Фајнал фор турнирот во Келн, но и за титулата.

Бранителот на трофејот од минатата сезона, македонскиот и европски шампион Вардар во последните две кола доживеа два високи порази од Кил и Веспрем и моментно е на четвртото место во групата „Б“.

Имаше и промена на тренерската клупа, па малку се разниша атмосферата во редовите, иако играчите на Едуард Кокшаров на некој начин се „рехабилитираа“ со победата во СЕХА над Пекинг.

Не беа комплетни „црвено-црните“, останува да се види дали в недела ќе се вратат на победничките патеки и во ЛШ против Мешков Брест во СЦ „Јане Сандански“ (17.00 часот).

После пет одиграни кола во ЛШ ЕХФ го објави најновиот ранкинг, а Вардар не се наоѓа ниту во Топ 10.

Четири најдобри екипи кои моментно според резултатите и перформансите имаат најдобри шанси за учество на Ф4 во Келн и за европската титула се Кил, Барса, ПСЖ и Алборг.

ЕХФ Топ 10 ранкинг –
1.Кил
2.Барселона
3.ПСЖ
4.Алборг
5.Монпелје
6.Пик Сегед
7.Веспрем
8.Бидасоа Ирун
9.Порто
10.Динамо Букурешт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот