Вардар го формира тимот за одбрана на титулата во ЛШ!

kezilabda-live.hu

Откако Летонецот Артурс Кугис беше потврден како нов голман на „црвено-црните“, денеска клубот ги официјализираше и трансферите на двајцата руски репрезентативци, Павел Атман кој доаѓа од Хановер и на Сергеј Горпишин од екипата на Ерланген, кои се дел од најсилната Бундес лига.

Ова значи дека Вардар повторно ќе има силен тим, кој во новата сезона ќе има за задача да ги одбрани трофеите.

Извршниот директор на клубот, Давор Стојаноски за официјалниот сајт на Вардар истакна дека полека се формира тимот и дека се среќни со доведувањето на новите засилувања.

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

-Полека се формира тимот со кој следната сезона ќе играме во одбрана на шампионскиот трофеј. Горпишин е млад и талентиран играч кој веќе зад себе има и интернационално искуство. Добивме многу позитивни препораки за него, го следевме неговиот развој и веруваме дека брзо ќе се вклопи со екипата и ќе биде дел од новиот тим што повторно ќе биде меѓу сериозните кандидати за висок пласман во ЛШ и СЕХА лигата. Павел Атман го познаваме сите и тој со своето искуство и квалитет секао ќе придонесе Вардар да биде подеднакво силен на бековската линија и во иднина – истакна Стојаноски.

Потсетување дека Вардар веднаш најде и замена за тренерот Парондо, станува збор за шпанскиот тренер Писонеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот