РК Вардар

Вардар го дозна противникот во четвртфиналето во Европската лига

Екипата на Вардар денеска го дозна својот ривал во четвртфиналето на Европската лига и тоа е Монпелје, кој претходно го елиминираше Елверум со вкупен резултат од 67-59.

Иако Монпелје вечерва загуби во реваншот од Елверум со 31-35, победата од првиот натпревар со 36-24 им обезбеди сигурно место против „црвено-црните“.

Најефикасни во редовите на Елверум беа Доминик Мате и Петер Лукаш со по шест голови, додека кај Монпелје најмногу се истакнаа Давид Балаге и Уго Брајан Монте Дос Сантос со по пет погодоци.

РК Вардар 1961 ќе прави нова трофејна соба во рамките на салата „Расадник“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот