Вардар експресно ја најде замената за Скубе во португалски репрезентативец

EPA-EFE/Boglarka Bodnar

Новата управата на актуелниот европски шампион Вардар, која е предводена од Михајло Михајловски, интензивно се подготвува за наредната сезона и се чини дека „црвено-црните“ ќе имаат респектабилен состав иако си заминаа неколку клучни ракометари.

Вардарци го донесоа првото засилување за бековските позиции, и тоа замена за одличниот Словенец Сташ Скубе, станува збор за 22-годишниот португалски репрезентативец Мигел Мартинс Соареш.

Според информациите, сите детали се договорени и се очекува Соареш во најскоро време да пристигне во Скопје.

Соареш беше дел од португалската репрезентација на ЕП 2020 година каде беа едни од најпријатните изненадувања, притоа успеаја да ја елиминираат силната Франција во групната фаза, а младиот ркаометар постигна 19 гола и имаше дури 25 асистенции.

Во текот на вчерашниот ден Вардар го договори и францускит голман Робин Кантегрел, а нови договори потпишаа и стандардните Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов, Иван Чупиќ, Кристијан Дисингер и Глеб Калараш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот