Вардар е меѓу носителите на ждрепката за ракометната ЛШ

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Сè уште актуелниот европски шампион, Вардар и во следната сезона ќе биде еден од фаворитите во Лигата на шампионите откако денеска беше одреден да биде еден од носители на ждрепката за елитното натпреварување.
Вардарци на ждрепката која треба да се одржи на 1. јули во Виена, ќе бидат во првиот шешир заедно со уште Веспрем, Барселона и ПСЖ.

Во новата сезона Лигата на шампионите ќе се игра во изменет формат, ќе учествуваат само 16 екипи кои ќе бидат сместени во две групи со по осум тима. Така, од секој шешир ќе се извлекуваат по две екипи за секоја група, па Вардар може да добие за ривал само еден гигант од Веспрем, Барса и ПСЖ.

Според пропозициите на ЕХФ, две екипи од иста земја не смеат да играат заедно па така Вардар ќе може да игра или со Веспрем или со Пик Сегед. Истото сценарио го очекува и со германските и француските екипи, „црвено-црните“ ќе може да играат или со ПСЖ или со Нант, а Кил или Фленсбург ќе им биде бундеслигашниот ривал.

Двете најдобри екипи од секоја група директно ќе се пласираат во четвртфиналето, додека тимовите од трето до шесто место ќе разигруваат меѓу себе за преостанатите четири четвртфинални билети.

ШЕШИР 1: Вардар, Веспрем, Барселона, ПСЖ.
ШЕШИР 2: Кил, Киелце, Алборг, Порто.
ШЕШИР 3: Мешков Брест, Мотор, Нант, Пик Сегед.
ШЕШИР 4: Целје, Загреб, Елверум, Фленсбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот