Вардар без Борко, Столе и Ѓукиќ на реваншот против Војводина

фото: facebook/facebook.com/ihtstruga

Вардар денеска напладне замина за Нови Сад кад еутре го игра реванш четвртфиналниот меч од СЕХА-Газпром лигата против Војводина. На првиот меч „црвено-црните“ победија со 38-25.

Имаат црвен-црните солидна предност од првиот натпревар, но тренерот Владо Недановски порача дека мораат да бидат претпазливи

„Немаме многу време за одмор бидејќи сега имаме набиен распоред на натпревари. Вчера игравме домашно првенство, сабајлево трениравме и веднаш заминуваме за Нови Сад. Имаме голема предност од првиот натпревар, но без разлика на тоа ќе бидеме максимално фокусирани на натпреварот со Војводина.

Тие во Скопје играа со комбиниран тим, но не знаеме како ќе биде сега. На секој меч одиме со мисла да победиме. Во Нови Сад ќе бидеме без Борко Ристовски, Стојанче Стоилов и Дарко Ѓукиќ. Нема што многу да менуваме во играта, треба само да го наметнеме нашето темпо. Секако ќе добијат шанса сите да играат“.

Пласман на завршниот турнир во СЕХА денес обезбеди Еурофарм Пелистер кој славеше уште една убедлива победа против Татран Прешов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот