Вардар 1961 со покани за настап на турнирот во Струга и „Хумел купот“ во Магдебург

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Подготовките за новата сезона ракометарите на Вардар1961 ќе ги почнат на 15 јули во Скопје. Екипата ќе остане во Скопје неколку денови и тука ќе се извршат потребните лекарски прегледи и ќе се тренира на физичката подготвеност.

Потоа екипата ќе замине на Златибор, Србија каде од 19 јули до 29 јули треба да ги завршат базичните подготовки и каде ќе се работи на физичката подготвеност. По враќањето од Златибор ќе се работи во Скопје.

Во август има покани за настапи на турнирот во Струга и на „Хумел купот“ во Магдебург. Се очекуваат точните датуми на овие турнири и ривалите за да може да се планира учеството.

Во август треба да се одиграат и двете четвртфинални средби од СЕХА лигата против ППД Загреб, и за тие натпревари се очекува потврда на точните датуми и саатници.

Вардар1961 ќе биде дел од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите и сега се познати десет екипи што ќе учествуваат: ППД Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Кил, Флензбург, ПИК Сегед, Кјелце и Порто. Другите шест места ќе бидат дополнително пополнети.

ЕХФ: Вардар 1961 директно во групите на Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот