ЕХФ: Вардар 1961 директно во групите на Лигата на шампионите

Фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Денеска Европската ракометна федерација ги објави екипите кои директно обезбедуваат место во групите на Лигата на шампионите во сезоната 2021/2022 и клубовите кои се пријавија за „вајлд-кард“.

Според ЕХФ ранкингот Вардар 1961 директно е сместен во групната фаза, како и уште девет екипи: ППД Загреб, Алборг, Барселона (актуелен европски шампион), ПСЖ, Кил, Флензбург, Пик Сегед, Кјелце и Порто.

Останатите шест места ќе се пополнат со уште шест екипи од вкупно 12 кои се пријавија за „вајлд-кард“, тие се: Мешков Брест, ГОГ, Монпеље, Веспрем, Елверум, Висла Плоцк, Спортинг, Динамо Букурешт, Горење Велење, Кадетен Шафхаузен, Савехоф и Мотор.

Конечниот список од 16 клубови ќе биде објавен на 28 јуни, а жрепката за групната фаза во ЛШ ќе се одржи на 2 јули во Виена, Австрија. Ќе бидат формирани две групи од по осум екипи.

Како што е веќе познато, Вардар 1961 има старо-нов тренер Веселин Вујовиќ кој најави дека во јули ќе ги почне подготовките за новата натпреварувачка сезона.

Вујовиќ: Македонија е моја втора татковина, Вардар ми е во срцето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот