Варан ги критикува новите правила: Зошто никој не ги слуша фудбалерите?

EPA-EFE/Peter Powell

Французинот е загрижен дека новите правила кои го зголемуваат ефективното време на мечевите ќе влијаат штетно на физичката и менталната состојба на играчите

Фудбалските организации ширум светот добија инструкции попрецизно да го пресметаат времето изгубено поради прекини оваа сезона, вклучително и прославите на голови и проверките на ВАР.

„Чуварот“ на фудбалските закони, организацијата ИФАБ, објави дека пристапот за пресметување на додаденото време бил „позитивно прифатен“ кога првпат беше тестиран на Светското првенство во Катар минатата година и ќе биде наметнат ширум светот.

Арсенал израмни во 11. од 13 додадени минути на крајот од неделниот меч за трофејот на Комјунити шилд против Манчестер сити и потоа победи на пенали.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола го критикуваше потегот за дополнително оптоварување на играчите. Тој доби поддршка од играчот на Манчестер јунајтед Рафаел Варан, кој изјави рече дека никој не ги есапи играчите кога додатно се оптоваруваат.

– Менаџерите и играчите, веќе долги години ја споделуваме нашата загриженост дека има премногу натпревари, распоредот е пренатрупан и е на опасно ниво за физичката и менталната состојба на играчите. И покрај тоа, препораките за следната сезона се подолги натпревари, поголем интензитет и помалку емоции кои ги покажуваат играчите. Ние само сакаме да бидеме во добра состојба на теренот за да дадеме 100 проценти на нашиот клуб и навивачите. Зошто нашите мислења не се слушаат – вели Французинот.

Новите упатства за додадено време се воведени за да се намали губењето време и да се зголеми ефективно време за играње.Пресметано е дека вака дополнително додаденото време е всушност додавање три дополнителни натпревари по сезона за играчите на највисоко ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот