Ванеса Брајант поднесе тужба против компанијата која е сопственик на хеликоптерот во кој загинаа Коби и Џиџи!

Вдовицата на трагично починатиот кошаркар Коби Брајант, Ванеса, одлучи да ја тужи компанијата „Island Express Helicopters“, бидејќи поради пилотот кој управуваше со нивниот хеликоптер во непогодни временски услови, починаа нејзиниот сопруг Коби, ќерката Џиана и уште 7 луѓе.

Вчера во „Staples Center“ во Лос Анџелес беше одржана комеморација за Коби и Џиана Брајант, а емотивниот говор на Ванеса ги растажи сите. Ванеса посвети речиси 10 минути зборувајќи за својата миленичка, 13-годишната Џиџи, за која изјави дека карактерно и физизички беше нејзина копија, како и дека нејзината поврзаност со татко ѝ со кого и загина, беше нешто што не може да се опише со зборови. Потоа Ванеса Брајант преполна со емоции започна да зборува и за Коби.

Покрај тоа што медиумите ширум светот пишуваат за комеморацијата, исто така се пишува и за тужбата која Ванеса ја поднесе против компанијата која е сопственик на хеликоптерот во кој починаа 9 луѓе, меѓу кои Коби и Џиџи. Во тужбата која е поднесена стои дека пилотот Ара Зобајан, кој исто така го загуби животот во летот, бил невнимателен и безобзирен во такви услови, како и дека требал да донесе одлука да се прекине летот. Покрај тие две работи, во тужбата стои дека Зобиан бил невнимателен на дури 8 различни начини, вклучувајќи го и тоа што погрешно го проценил времето и летањето во такви услови за кои не бил спремен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот