Ван Перси: Докажете дека Арсенал ми нудеше договор и ќе ви дадам 1 милион фунти!

твитер

Холандската фудбалска легенда не жали поради трансферот во Манчестер јунајтед со кој успеа да освои шампионска титула.

Поранешниот холандски репрезентативец вели дека основата на неговата одлука да го облече дресот на Манчестер јунајтед во 2013 година е неможноста на Арсенал да му понуди навреме нов договор.

Договорот на Робин Ван Перси сè уште предизвикува многу негативни емоции во срцата на навивачите на „топчиите”, особено откако Холанѓанецот им помогна на „црвените ѓаволи” да ја освојат титулата во истата сезона.

Но, според стрелецот, одлуката во голема мерка била диктирана од фактот дека тој не добил предлог за нов договор на „Емирати”.

Се обвинувам често за овој трансфер, но ќе се заколнам во моите деца дека доколку некој докаже дека Арсенал ми понудил договор, тогаш ќе му дадам 1 милион фунти овде и сега.

Одлуката беше на Арсенал да не ми понуди нов договор. По многу дискусии стана јасно дека имавме различни визии за клубот. Имав список со седум поенти за тоа како да се врати клубот на врвот, но Иван Газидис не се согласи со ниту една од нив. Тоа беше негово право, се разбира – рече Ван Перси.

Холанѓанецот тврди дека лондонската екипа не му понуди нов договор, односно не се согласија со неговите предлози за клубот:

– Предлозите беа многу искрени и се фокусираа само на доброто на тимот. Но, тоа е животот и јас сум задоволен од развојот на нештата. Нема што да се жалам, се преселив на „Олд Трафорд“ и ја освоив титулата – додаде Ван Перси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот