Ваксинце остана криминално дувло, сега вооружени Пакистанци го презеле „бизнисот“ со шверц на мигранти

Кумановската полиција уапси шестмина мигранти во липковското село Ваксинце. Кај еден од нив бил пронајден пиштол со неколку куршуми. Од МВР известуваат дека пиштолот е најден кај 33-годишниот М.Р. од Пакистан.

Според извори од истрагата, се верува дека токму М.Р. е еден од неколкуте локални странски „босови“ кои „царуваат“ во пограничното село Ваксинце. Оружјето, според соговорниците, му служело на М.Р. да им се заканува на новопристигнатите бегалци со цел да платат стотици евра за да добијат засолниште и термин кога ќе бидат пренесени преку македонско-српската граница.

Дека Пакистанци ја злоупотребуваат бегалската мака говори и неодамнешниот случај од Ваксинце каде петмина пакистански бегалци, кои илегално влегле во Македонија, начекале двајца бегалци од Авганистан кои четири дена ги држеле затворени и ги мачеле во напуштена куќа.

Киднаперите ги нападнале и со ножеви за да ги присилат да побараат пари од своите семејства.

Авганистанците попуштиле, побарале од дома три илјади евра кои им биле испратени по пошта и им ги дале на Пакистанците. Откако биле ослободени Авганистанците го пријавиле случајот во полиција, а еден од киднаприте деновиве е фатен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот