Вакцината Фајзер предизвика уште еден скандал меѓу Србија и Косово: Косовските власти не знаат како Србија успеа да ги внесе вакцините во српските општини

Основното обвинителство во Митровица започна да собира информации за воведување вакцини против КОВИД-19 во северните општини на Косово, потврди за Радио Слободна Европа, главниот обвинител во Митровица, Шикри Сила.

Тој рече дека првично се водат истраги и собирање информации за да се утврди дали фармацевтски производи влегле во Косово од Србија, преку нелегални канали или не.

„Нивниот влез првично се испитува, бидејќи не можеме да кажеме ништо без да знаеме како влегле, како и кои се луѓето што ги донеле“, рече Сила.

Тој додаде дека можностите за влез на вакцини од Србија на Косово, преку нелегални канали, се многубројни.

Српските здравствени институции не беа достапни за РСЕ да коментираат дали ќе продолжат со имунизација на населението против КОВИД-19 во северно Косово.

Според неофицијални податоци, во четири општини на северот на Косово: Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, од Србија добиле околу 50 дози вакцина Фајзер / Бионтек, додека ревакцинацијата е закажана по три недели, од приемот на прва доза.

Луѓето постари од 65 години со хронични болести и оние кои биле повикани од лекари биле вакцинирани.

За почетокот на вакцинирањето во српските општини каде од после војната владее паралелен систем на здравство, реагираше и косовската министерка за надворешни работи, Мејизе Харадинај Стубла. Таа изјави дека Србија го крши Бриселскиот договор со почетокот на вакцинирање во српските општини.

Српскиот претседател Александар Вучиќ за разлика од неа смета дека не станува збор за прекршување на Бриселскиот договор. Тој исто така денес најави инвестиции во Северна Митровица.

Вучиќ најави и дека наместо претходно планираните до 3 милиони, 6 милиони ќе бидат инвестирани во изградбата на болницата во Грачаница.

„Сакам да кажам дека ќе продолжиме да се грижиме за луѓето во Косово и Метохија. Она што го направивме со вакцините, покажува дека тие нема да не спречат да се грижиме за животот на нашите луѓе во Косово и Метохија. Фактот дека тие ги контролираат административните премини не може да го запре животот“, рече тој, додавајќи дека Србија не загрозува никого и дека не испратила топови и тенкови, туку лекови и вакцини, и дека без оглед на реакциите од Приштина, таа ќе продолжи да се грижи за Србите во Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот