Вакцините против ковид на „Фајзер“ и „Модерна“ може да предизвикаат обилни менструации, потврди ЕМА

EPA EFE
Вакцина Фајзер против ковид-19 / фото: ЕПА

Одборот на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска препорача обилното менструално крвавење да се додаде на листата несакани ефекти од мРНК-вакцините против ковид-19, произведени од компаниите „Модерна“, како и од „Фајзер“/„БиоНТек“.

Извештаи за обилни менструации, кои се дефинираат како „крвавење со зголемен волумен и/или времетраење што го попречува квалитетот на животот“ се забележани во клиничките испитувања, од случаите во реалниот свет и во медицинската литература, соопшти ЕМА.

Случаите – кои беа главно не се сериозни и се привремени по природа – беа пријавени по првата, втората и засилената доза на вакцините, се додава во соопштенито.

Регулаторот сега заклучи дека постои барем „разумна можност” обилно менструално крварење да е причински поврзано со овие вакцини.

Менструалните нарушувања може да се појават поради повеќе причини, вклучувајќи хронични болести, стрес и замор. Здравствените власти нагласија дека се евидентирани вакви случаи и по заболување од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот