Вака се слави десетгодишница од брак: Пејачката Сека Алексиќ од сопругот доби прстен вреден 10.000 евра! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пејачката Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко, пред неколку дена ја прославија десетгодишницата од нивниот брак со интимна вечера во семејниот дом во Стара Пазова.

Вељко приредил вистинско изненадување за својата сопруга, па за време на вечерата која сам ја подготвил и подарил прстен вреден 10.000 евра. Се разбира Сека била многу воодушевена од овој подарок.

Фото: Инстаграм

– Сека не знаеше што и подготвува Вељко. Мислела дека тој ден ќе го одбележи играјќи си со децата на базенот. Очекувала подарок, но не толку скап. Вељко и кажал дека ќе прослават дома и дека тој ќе подготви вечера. Кога и го дал прстенот, таа останала без зборови – кажал изворот за српски Информер.

Но, за време на вечерата не била само Сека таа што добила подарок, бидејќи и таа му подготвила изненадување.

– Откако Вељко ја изненади Сека со скапоцениот прстен, таа му подари часовник. Во прашање е рачен часовник, кој Вељко го бендисал кога биле заедно во еден трговски центар – раскажал изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот