Вајперс ќе ја брани титулата во ЛШ против Ѓер

Ракометарките на Вајперс обезбедија ново европско финале/ фото: EPA-EFE/Balazs Czagany

Актуелниот европски шампион, Вајперс обезбеди пласман во финалето за фајнал-фор турнирот во женската ракометна Лига на шампиони откако во полуфиналето го совлада Мец со 33:27. Вајперс во финалето ќе игра со екипата на Ѓер која претходно со 32:27 го совлада Есбјерг.

Натпреварот меѓу Вајперс и Мец беше исполнет со периоди на одлична игра и на падови на двете екипи. Првото полувреме подобро го отвори Мец кој поведе со 1:3, но ракометарките на европскиот шампион одговорија со серија од 3:0. Кон средина на првиот дел Вајперс имаше предност од 14:9, но Мец направи серија од 0:6 и на одмор замина со предност од 14:15.

Лошата игра во финишот од првиот дел не ги деконцентрира ракометарките на Вајперс кои во второто полувреме заиграа поагресивно во одбраната и беа сигурни во нападот па дојдоа до плус седум 28:21 и рутински го приведоа натпреварот до крајот.

Маркета Јерабкова со 12 гола, Нора Мерк со седум, Наес Андерсен со пет гола беа најпрецизни во редовите на Вајперс на чиј гол блескаше ветеранката Катрин Лунде со 16 одбрани. Кај Мец, најпрецизни беа Де Паула со пет и Орлан Канор до четири постигнати голови.
Финалето меѓу Вајперс и Ѓер ќе се игра утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот