„Вагнеровец“ се вратил од бојното поле и сфатил дека е прогласен за мртов, па си го посетил сопствениот гроб

Вагнер / Фото: WillWest News / Profimedia
Вагнер / Фото: WillWest News / Profimedia

Поранешен борец на приватната воена компанија „Вагнер“, кој по грешка бил прогласен за мртов додека се борел во Украина, го посетил сопствениот гроб во Русија, бидејќи неговото семејство добивало пари за неговата „смрт“. 44-годишниот Сергеј К., поранешен затвореник од Бурјатија, една од републиките на руското етничко малцинство што граничи со Монголија, бил регрутиран во редовите на платеници и бил ранет на фронтот во Украина во април, пишува рускиот медиум МК.ру.

Вагнер регрутирал десетици илјади поранешни затвореници дури и кога бил предводен од покојниот шеф Евгениј Пригожин. Тој одигра важна улога во регрутирањето борци за руските операции во Украина, нудејќи им на машките затвореници намалени казни и парични стимулации во замена за шест месеци воена служба.

Минатиот декември, Владимир Осечкин, руски активист за човекови права кој интервјуираше поранешни вагнерци, изјави за Њузвик дека дури 30.000 затвореници биле регрутирани од затворите и распоредени во Украина. Во врска со овој случај, МК.ру наведува дека додека Сергеј бил на лекување во болница, неговото семејство погрешно било информирано дека тој е убиен во украинската област Луганск.

Во неговиот дом бил донесен ковчег, а на неговото семејство му била дадена умреница. Адвокатот на Сергеј, Андреј Кибирев, тврди дека борецот на Вагнер не контактирал со своите роднини додека бил во болница, со објаснување дека не сакал да ги „налути“. Во јули тој се јавил на една од неговите сестри, која „се шокирала“, рече Кибирев.

Сестрата наводно му рекла на Сергеј дека го „закопале“ пред 40 дена. На неговото семејство му биле исплатени и речиси 6 милиони рубљи како компензација за неговата „смрт“. Адвокатот рече дека Сергеј „се обидува да ја третира ситуацијата со хумор“. „Неодамна го посети неговиот гроб, вели не очекувал толку добро да биде погребан“, додаде Кибирев.

На 19 октомври, потврдата за смртта на Сергеј била откажана откако Окружниот суд во Република Бурјатија разговарал со неговото семејство и утврдил дека неговите отпечатоци се совпаѓаат со оние што се зачувани во владината база на податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот