В понеделник во МСУ ќе се отвори изложбата „Скопје, одново“

В понеделник (18 ноември) во Музејот на Современа уметност – Скопје, со почеток во 20 часот, ќе се отвори изложбата „Скопје, одново“. Изложбата ќе може да ја погледнете до 18.02.2020 година.

Во рамките на постановката ќе бидат изложени повеќе од сто дела, но и архива поврзана со процесот на креирање на колекцијата и кореспонденцијата со авторите. Преку исклучителна отвореност и колаборативно работење, колекцијата и програмата на МСУ-Скопје во 60тите, 70тите и 80тите сведочи за едно радикално космополитско и мултикултурно наследство на социјалистичка југоисточна Европа.

„Скопје, одново“ ќе понуди и отворена јавна програма која преку филмски проекции, работилници, предавања и водења низ изложбата ќе ги претстави и различните аспекти на изложените дела и архиви.

Изложбата „Скопје, одново“ во Скопје е резултат на соработката помеѓу МСУ – Скопје и Амбасадата на САД во Скопје.

Кураторки на изложбата се Ана Кац и Кумјана Новакова.
Јавната програма се развила во соработка со Кара Мејнс – кураторка во Музејот за модерна уметност во Њујорк „МОМА“,  додека програмата за уметничка критика – со Кет Хариман. Визуелниот идентитет и графички дизајн е на Елена Диновска Зарапчиев, а дизајнот на изложбата е на Ана Ивановска, Јован Ивановски и Владимир Десков.
Конзерватори соработници на проектот се Ема Петрова и Љупчо Иљовски.

Со најава за претстојната изложба на МСУ „Скопје, одново“, Кејт Стоун го позиционира Музејот како еден од последните бастиони на Модерната во Скопје – градот на соништата.

МСУ пак, се најде во ноемвриското издание на престижното списание Артфорум.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот