Ужас во Краљево – ја убил сопругата, ја повредил мајка си, па си пресудил
Под сè уште неразјаснети околности, во Краљево, Србија, 56-годишен маж, пензиониран пожарникар, денеска ја убил сопругата (50), ја ранил мајка си (79), а потоа извршил самоубиство, пренесе Нова.рс.
Препорачано
Драмата започнала во семејниот дом кога тој посегнал по својот самострел. а нишанил и ја убил сопругата (50). Жената починала на самото место.
Потоа ја нападнал мајка си, но таа успеала да избега од куќата. Итно е пренесена во Општата болница во Краљево, каде што е под постојан медицински надзор и се наоѓа во состојба на тежок психофизички шок.
Додека ранетата мајка барала помош од соседите, тој зел ловечка пушка и испукал смртоносен истрел во себе.
Екипите на Итната медицинска помош можеле само да ја потврдат смртта на двајцата сопружници.
Жителите на населбата Јарчујко се во целосен шок од настанот. За убиецот велат дека бил мирен сосед и посветен професионалец, пожарникар кој спасил стотици животи во текот на својата работна кариера. Соседите велат дека него и сопругата ги сметале за хармонично семејство и дека немало никаков сомнеж дека ќе се случи такво „филмско злосторство“.
Полицијата истражува за потеклото на самострелот и дали пушката била поседувана со дозвола.
Телата на починатите сопружници ќе бидат испратени на обдукција.


