Ужас во Грција: Пекарка загина, косата ѝ се заплеткала во машина за леб
Трагичен настан ја потресе заедницата Дамаси во Лариса, денес во раните утрински часови, каде што 49-годишна сопственичка на локална пекарница го загуби животот на ужасен начин на своето работно место, објави tirnavospress.gr.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според прелиминарните информации, несреќната жена била смртно повредена откако косата ѝ се заплеткала во машината за правење тесто што се користи во пекарницата.
И покрај непосредната реакција на нејзините вработени и интервенцијата на итната слижба (ЕКАБ), која брзо пристигна на местото на настанот, лекарите не беа во можност да го спасат нејзиниот живот.
Полициските власти започнаа истрага за да ги утврдат точните околности на несреќата и да потврдат дали биле почитувани безбедносните мерки на работното место.
Локалната заедница на Дамаси е шокирана од загубата на 49-годишната Л.З., која била особено сакана и добро позната во областа.
Грчките медиуми јавуваат и за трагична несреќа во месарница при што четириесетгодишен месар во село во Кукуш го загуби животот кога беше смртно повреден во феморалната артерија со секира додека работел во својот дуќан.
Според информациите, несреќниот 40-годишен маж од Мавронери првично бил однесен во болницата во Кукуш, каде што бил опериран.
Потоа беше одлучено да се префрли во болницата „Гениматас“ во Солун, каде што починал, а грчките власти ги истражуваат точните околности под кои се случила смртоносната повреда.


