Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Утрово измерени температури под нула, најстудено на Попова Шапка

Најниска температура од -6 степени Целзиусови утрово во 8:30 часот е измерена на Попова Шапка, каде има и највисока снежна покривка од 97 сантитметри. Во Mаврови Анови и Kрушево е измерена температура од -4, -2 во Берово, -1 Прилеп, в0 Крива Паланка, Штип, Охрид, Претор и Виница, 1 степен во Скопје-Петровец, Велес, Тетово и Битола, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Кавадарци, 3 Демир Капија, а најтопло е во Гевгелија каде се измерени 4 степени Целзиусови.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во раните претпладневни часови во северозападните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој локално ќе достигне брзина до 60 километри на час.

Денеска времето ветровито, со повремени сончеви периоди

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени Целзиусови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот