Утре протест со сирени пред Битолската болница за смртта на Јана

Протест „Правда ја Јана“/Фото: Фејсбук

Утре  во 17 часот  пред Клиничката болница во Битола ќе  се одржи протест поради смртта на новороденчето, кое завчера почина на Одделението за гинекологија и за 5-годишната Јана Христовска која почина на 22 март на Педијатриското одделение во Клиничката болница.

-Ќе носиме сирена, ќе ја вклучиме, а потоа ќе одадеме една минута почит за сите прерано заминати чеда, родители и пријатели и ќе си отидеме. Нека сирената ја означи алармантната состојба во Клиничката болница, а молкот нека биде за наш потсетник за тие на небесата, оти сите немо седиме и чекаме промените од небо да паднат, а не ние да ги создадеме  час поскоро за да спасиме нечии живот, најави Игор Петковски, кумот на Јана и организатор на протестите.

И покрај тоа што од смртта на Јана изминаа 22 дена  се уште  не е завршена обдукцијата, која треба да даде одговор на прашањето од што почина Јана Христовска.

Денес треба да започне вонредниот инспекциски надзор од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) за да се утврдат причините за смртта на новороденчето, а вчера директорот на болницата д-р Александар Обедниковски најави оставка.

Инаку, ова е трет протест по смртта на Јана Христовска во Битола, која почина на 22 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот