Утре без струја дел од општините Центар, Чучер Сандево и Зелениково

Поради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје, утре без стуја ќе останат дел од општините Центар, Чучер Сандево и Зелениково, соопшти РЦУК Скопје.

Во периодот од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците на ул. „11 Октомври” броевите 14, 16, 18, ул. „Даме Груев” бр. 1 и објектите околу зелено пазарче во Општина Центар.

Без струја од 9:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од ул. „Борка Талески” во Општина Центар, како и дел од село Танушевци, Караула Танушевци, село Кучевиште, село Малино, село Брест, дел од село Мирковци, село Побожје, село Бродец во Општина Чучер Сандево.

Од 12:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на бул. „Климент Охридски” број 52 и број 54 во Општина Центар, а од 8:30 до 16:00 часот и дел од корисниците на село Вражале во Општина Зелениково. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот