2 C
Скопје

Уште нема правда за трагедиите „Монструм“ и „Ласкарци“, но и низа други судски процеси

Одбраната на обвинетите во овие случаеви негодува и вели дека обвинителите намерно ги одолговлекуваат процесите, а од ОЈО пак велат дека постапуваат според Законот на РС Македонија и мора сите докази кои ги поседуваат да бидат изнесени пред лицето на правдата.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека и покрај лошиот сигнал од Европската Унија за проширувањето, владата ќе остане посветена на испорачување на европските стандарди дома. Тоа ќе биде извршено преку новата Акција 21 која ќе содржи 10 точки. Првата точка содржи прочистување на судството, ревидирање на досиејата и борба со корупцијата.

Во делот на прочистувањето на правосудството, Заев рече дека моделот за прочистување е во завршна фаза и оти целиот процес ќе оди постепено и во фази. Секој судија ќе биде оценуван, а ќе се проверува и нивната имотна состојба. Ќе бидат иницирани и законски измени врз основа на кои Јавното обвинителство ќе мора редовно и постојано да ја информира јавноста за својата работа и за напредокот во предметите кои ги следат граѓаните и за коишто постои посебен јавен интерес.

– Секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да се соочи со одговорност. Мора да има ред еднаш засекогаш во институциите – нагласи Заев.

Во меѓу време изминува уште една година. Во минатата 2019 и во оваа 2020 година само три големи случаеви од поранешното СЈО добија судска разрешница. За останатите случаеви во тек се судски постапки, кои според динамиката и корона кризата свој епилог ќе имаат следната година.

Одбраната на обвинетите во овие случаеви негодува и вели дека обвинителите намерно ги одолговлекуваат процесите, а од ОЈО пак велат дека постапуваат според Законот на РС Македонија и мора сите докази кои ги поседуваат да бидат изнесени пред лицето на правдата.
Фактите велат дека освен „Тревник“ има првостепени, а не и правосилни пресуди за случаевите  „Тенк“, „Труст“, „Тифани“, „Триста“ и „Титаник 2“.

Прочитајте и...  Средба на премиерот Заев со претставници на Македонската горанска заедница на Косово

Имено, Врховниот суд на Македонија годинава ја потврди 4,8 годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените 6 години од Кривичниот суд. Пресудата беше изречена во јули 2018 година. Управителот на компанијата „Трансмет“, Сеад Кочан, беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Врховниот суд на 18 септември ја потврди одлуката на Апелацискиот суд за предметот „Тенк“ во кој поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска доби казна затвор во траење од четири години. Јанкулоска со првостепена пресуда беше осудена на шестгодишна затворска казна која Апелацискиот суд ја намали на четири години. Таа се најде под лупа на поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 580.000 евра за што осуден беше и поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во Будимпешта. Таа затворската казна ја издржува во КПУ „Идризово“.

За случајот „Триста“ затворска казна од пет години доби и поранешниот помошник министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Пoповски. Првостепената пресуда и првиот (22 мај 2018) и вториот пат (22 октомври 2019), од девет години затвор во Кривичен суд ја донесе судијката Добрила Кацарска, која наскоро треба да стане уставна судијка. Случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се однесуваше на набавка на 300 возила за потребите на МВР. Според обвинението, со оваа набавка буџетот бил оштетен за 453.570 евра.

За овие предмети во судската постапка беа изнесени сите докази на државата, а беа сослушани низа сведоци. Токму за пресудите по однос на овие предмети од страна на ОЈО беше посочено дека правдата е задоволена.

Прочитајте и...  Шахпаска: Продолжуваме со поддршката на ромската заедница

Токму правдата која се дели во Македонија е спора за низа други случаеви.

Најблиските и јавноста уште не дознаа кој е извршителот на петкратното убиство на Смилковско Езеро. Овој немил настан не се случи вчера, туку на 12 април 2012 година. Во петкратното убиство кај Смилковското Езеро настрадаа четири момчиња: Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. За убиството обвинети се Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Хаки Азири и Сами Љута. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово и досега не се екстрадирани. Петмината беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм” потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток. Откако згасна СЈО, случајот продолжи под покровителство на Јавното обвинителство. Овој предмет е меѓу најсензитивните кои се суди во Основниот суд во Скопје. Но, и после две години од повторената постапка краен епилог со пресуда годинава не се случи.

Не се дозна ниту зошто на автопатот Скопје-Тетово кај скопското село Ласкарци  автобуска на автопревозникот „Дурмо турс“ на 13 февруари 2019 година околу 17 часот излета од патот и притоа загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени. Во судскиот случај кој започна по завршената истрага резултираше со шестмина обвинети лица. Сопственикот на „Дурмо турс”, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело. Судењето за овој случај е во доказна фаза. Многу од рочиштата беа одложени поради коронакризата и еден заболен од овој вирус. И за овој случај крајот не се наѕира, а уште помалку пак пресудата која ќе треба да открие кој или кои се виновниците за прерано згаснатите 16 животи.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Македонскиот јутјубер Стефонатор низ солзи ја раскажа својата потресна приказна

Далеку е пресудата познат како „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски. Спроед обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Цаноски.

Меѓу предметите кои чекаат судска разрешница е и капиталниот случај „Таргет/Тврдина”, кој засегаше во суштината на злоупотребите во МВР и се однесуваше на незаконското прислушување од УБК и уништувањето на опремата со која беше вршено. И три години од почетокот на процесот, судењето се уште е во тек. Слична судбина имаат и предметите „Титаник 1“ „Тендери“, „Талир“ и многу други. Дополнително, и кризата со пандемијата на коронавирусот ги успори и ги фрли во заборав овие случаи.

Од предметите кои ги имаше сработено СЈО, судска постапка не е започната за аферите „Пациент“, „Империја“, „Актор“, „Транспортер 2“, „Пропаганда“, „Дизајн“, „Подарок“, „Хармонија“, „Друмарина“, „Странски служби“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Тарифа 2“, „Табала“ и „Базни станици“. По згаснувањето на СЈО, овие предмети потпаднаа во надлежност на републичкото Јавно обвинителство.

 

Поврзани вести

Турција во февруарска офанзива против Даеш и ИСИС приведе 165 осомничени за тероризам

Слободен печат

Израел крои планови како да ги заштити од апсење офицерите од војната во 2014 година

Цунами од потресни снимки од ужасот во Нов Зеланд ги преплави социјалните мрежи

Слободен печат

Повторно ставена во функција модуларната болница во Клиничкиот центар

Слободен печат

Ужасен напад во Црна Гора: Насилници врежаа крст на градите на ЛГБТ лице и му ги повредија гениталиите

Слободен печат

Филипче: Во текот на овој месец ќе почне имунизацијата на населението

Слободен печат

Остави Коментар