Уште една жртва: Бранислав Лечиќ пред 43 години ја силувал актерката Мерима Исаковиќ кога имала 18 години
Една од најголемите млади актерски sвезди на поранешна Југославија, а денес клинички невропсихолог Мерима Исаковиќ, го обвини актерот Бранислав Лешиќ во признание за „Неделник“ дека ја силувал пред 43 години.
View this post on Instagram
Исаковиќ беше една од најголемите млади актерски sвезди на Југославија и ја имаше главната улога во филмот „Јован Лукин“, но на 21-годишна возраст доживеала тешка сообраќајна несреќа, по која останала инвалид.
View this post on Instagram
По завршувањето на докторските студии по психологија и магистерските студии по клиничка психологија, таа сега живее и работи во Австралија, близу Бризбејн, како клинички психолог и клинички невропсихолог.
Исаковиќ за „Неделник“ изјавила дека Лешиќ ја силувал во 1978 година, кога имала 18 години.
„Јас ти простувам, му реков тогаш, пред четириесет години. Простувам, но не заборавам. Никогаш нема да ја разберете болката што ми ја нанесовте. Повеќекратна болка. Ако некогаш слушнам дека си предизвикал слична болка на некого, ќе им кажам на сите што се случило“, изјавила таа за „Неделник“.
View this post on Instagram
„Јас го одржав зборот. Бранислав Лечиќ изгледа не! Чувствувам морална обврска да го споделам моето искуство во надеж дека моето признание ќе ја поддржи Даниела Штајнфелд и другите жртви на сексуално злоставување“, изјавила Мерима.