Уште една трагедија на патиштата, млада девојка загина во тешка сообраќајка близу Прилеп

Фото: илустрација

Осумнаесетгодишна девојка синоќа загина во сообраќајна несреќа која се случила кај с.Долнени, прилепско.

Од МВР информриаат дека несреќата се случила околу 22 часот на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на место викано „Циглана”, кога возило „Фолксваген голф”, управувано од 18-годишник, излетало од патот. од здобиените повреди на самото место, починала 18-годишната девојка, која била сопатничка во автомобилот. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот и другата сопатничка од Прилеп, и двајцата на возраст од 18 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот