Уште еден убедлив пораз за МЗТ Скопје во АБА лигата

Фото: AdmiralBet ABA League/Тwitter

Maкедонскиот шампион МЗТ Скопје забележа нов пораз во АБА лигата откако вечерва доживеа пораз од Студенски Центар со 103:85.

МЗТ одигра уште еден лош натпревар и во ниту еден момент вечерва не беше блиску до позитивен резултат. Домаќините го контролираа натпреварот од почетокот до крајот. На пауза заминаа со водство од 15 разлика (62:47).

Не се променија работите ниту во второто полувреме, па така во последните пет минути од натпреварт МЗТ влезе со негатива од 25 поени (96:71).

На крајот конечниот резултат гласеше 103:85. Сезонава МЗТ во АБА лигата запиша само две победи, а вечерашниот беше 15-ти, па така се наоѓа на последното место и е се подалеку од опстанок во елитното друштво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот