Уште еден Хрват во Вардар, „џинот“ Векиќ најново засилување

фото: СЕХА

Откако вчера и официјално беше потврдено дека Анте Гаџа во следната сезона ќе биде ракометар на Вардар, новата управа на „црвено-црните“ денеска ангажира уште едно засилување.

Станува збор за уште еден ракометар од ППД Загреб, Јосип Векиќ.
Векиќ е 22-годишен ракометар кој е висок дури 210 сантиметри кој првиот дел од сезоната го помина во редовите на хрватскиот шампион и играше во Лигата на шампионите, по што во вториот дел беше испратен на позајмица во Дубрава.

Тој беше и во изборот на хрватскиот селектор Лино Червар за настап на Европското првенство но не успеа да се избори да влезе во конечниот список.

За очекување е Вардар да не застане тука со засилувањата туку до стартот на новата сезона да ангажира уште бек, со што би бил затворен ростерот на тимот кој во наредната сезона повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот